Центарот за зависници нема да се дислоцира во Гази Баба

Граѓаните на Општина Гази Баба кои протестираа против одлуката да се дислоцира Центарот за зависници во Гази Баба ја добија битката.

 

По реакциите на бизнис секторот, но и на граѓаните, министерството за здравство се повлекува од локацијата во рамки на индустриската зона МЗТ и дека во наредниот период министерството ќе бара нова локација.

 

-Жалиме што дојде до недоразбирање во јавноста по однос на ова прашање. Општината, исто како и министерството за здравство, се отворени за дебата по ова, но и секое друго прашање, и ги слушаме критиките и предлозите од граѓаните, соодветно на истите ги креираме нашите проекти. Времето на наметнати и изнудени решенија заврши. Граѓаните можат да бидат спокојни, нивниот глас денес се слуша и почитува, велат од Општина Гази Баба.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.