Работна средба на градоначалникот на Гази Баба во Бурса и презентација пред бизнис секторот за можностите на општината

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски при посетата на Бурса, Турција, се сретнал со неговиот колега, градоначалникот на општина Нилифер, Тургаи Ердем. На средбата зборувале за унапредување на соработката меѓу двете општини во повеќе области и тоа во земјоделството, спортот, културата, образованието, а изразиле желба и за збратимување на училиштата од двете општини.

 

– На средбата разговаравме и за индустриската зона во Хиподром и можности што општина Гази Баба ги нуди за инвестирање, а разменивме и искуства за начинот на управување со индустриските зони на општините, рече Георгиевски.

 

Како што информираат од општина Гази Баба, Георгиевски заедно со тимот, во Бурса се сретнале и со членови на Стопанската комора и претставници на бизнис секторот.

 

 

– Бурса во своите рамки има повеќе индустриски зони, но најразвиената зона се наоѓа во општината Нилифер. Споделивме искуства за подобрување на функционирањето на индустриските зони. Пред претставниците на бизнис заедницата одржавме и презентација на која ги презентиравме можностите кои општина Гази Баба ги нуди во новата индустриска зона Хиподром. Среќен сум што веќе имаме неколку најави за компании од Турција кои се заинтересираа и сакаат да инвестираат во нашата општина, посочи Георгиевски.

 

Градоначалникот на општина Гази Баба денеска се сретнал и со Сулејман Челик, заменик – градоначалник на Бурса и Мустафа Дундар, градоначалник на општина Османгази.

 

Според Георгиевски, веќе неколку компании најавиле дека во септември ќе дојдат да ја посетат општина Гази Баба, да ја видат новата индустриска зона во Хиподром, а со тоа и можностите за инвестиции во земјава. Гази Баба е отворена општина за сите кои што ќе сакаат да инвестираат кај нас, ќе бидеме ортак во подготовка на документација, поддршка на терен и се што ќе биде потребно се со цел да останеме општина за пример и магнет за инвестиции, се наведува во соопштението од Општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.