Георгиевски: Заедно со градот Скопје расчистени повеќе јавни површини, а поставивме 3 контејнери за кабаст отпад (ВИДЕО)

Општина Гази Баба заедно со градот Скопје одржува акција за чистење на јавниот простор и улиците во општината.

 

Заеднички градските јавни претпријатија со ЈКП Гази Баба работеа на расчистување на кејот од реката Вардар на потегот од Ќерамидница до мостот Близнак. Опфатени беа и повеќе улици и јавни површини кои во целост беа уредени.

 

Заедно со градот Скопје поставивме и три контењери во Автокоманда, Хиподром и Ченто за собирање на кабаст отпад. На овој начин овозможуваме услови за граѓаните да можат кабастиот отпад да го остават во овие големи контејнери. Вакви локации ќе бидат предвидени и низ другите населени места, а граѓаните ќе знаат точно кој ден би можеле да го изнесат кабастиот отпад.

 

Наш приоритет е чиста и зелена општина за сите граѓани. Изминатите 18 месеци општина Гази Баба вложи средства за опремување на ЈКП Гази Баба, со набавка на механизација и опрема за одржување на јавното зеленило, а зголемен е и бројот на вработени. ЈКП Гази Баба одржува редовни акции за чистење во текот на целата година, како и обнова на урбаната опрема во сите населени места.

 

Како општина во наредниот период сме посветени кон уредување на повеќе јавни зелени површини кои денес се не уредени или оштетени, во модерни паркови каде граѓаните ќе може да уживаат.

 

Изјава на градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски

 

.be

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.