Општина Гази Баба целосно го обнови домот на Борјанка Пешевска

Борјанка Пешевска која живееше во тотално запуштена куќа, во населеното место Гоце Делчев, без вода и тоалет, со ѕидови кои долги години не биле варосани,  доби сосема нов дом, соопштија од општина Гази Баба.

 

Откако градоначалникот на Општината, Борис Георгиевски слушнал за состојбата во која се наоѓа Борјанка, која живее сама има и лоша здравствена состојба веднаш ја посетил и по разговорот со неа, веднаш пристапил кон реновирање на нејзината куќа. Заедно со компаниите и соседите кои несебично помагале, домот на Борјанка доби сосема нов лик.

 

Борјанка, како што информираат од Општината, доби и еднократна парична помош во висина од 50.000 денари од Општината.

 

 

Додека траела обновата на нејзиниот дом, таа била сместена во студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“.

 

При денешната посета, Борјанка се заблагодарила за тоа што Општината и градоначалникот Георгиевски ги исполниле сите нејзини барања. Георгиевски посочи дека е среќен што уште еден случај доби среќен епилог.

 

– Горд сум што ја гледам среќна Борјанка, повеќе никогаш нема да биде заборавена, ниту сама, затоа што јас и општина Гази Баба секогаш сме тука за неа, но и за сите граѓани на кои сме потребни за да им помогнеме колку можеме да имаат нормални услови за живот. Сакам да порачам дека институциите и државата мора да водат сметка за лицата од ранливите категории, да се создаде систем кој ќе води евиденција за нивната состојба, рече Георгиевски.

 

Тој вети дека ќе направи се што може Борјанка да добие соодветен здравствен третман со цел што поскоро да оздрави како и дека ќе се заложи таа да биде ослободена од плаќање на струја, бидејќи спаѓа во ранлива категорија на граѓани.

 

Општина Гази Баба и во иднина ќе помага на секој граѓанин на кој што му е потребна помош, во рамките на надлежностите, затоа што сите заслужуваат нормални услови за живот, се наведува во соопштението од Општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.