Хуманитарен концерт за Бојан Димитриевски за лекување во Русија

Хуманитарен концерт ќе се одржи на 9 октомври, среда, на стадионот во Трубарево, за собирање средства за младиот Бојан Димитриевски, кому му е потребно скапо лекување во Русија.

 

Концертот ќе почне во 16 часот, а ќе трае до 1 часот по полноќ. Влезниците се продаваат по цена од 100 денари.

 

На концертот ќе настапат Ристе Ристески, Мартинијан Кириловски, Филип Пецовски, Викторија Лоба, Тајзи, Енегџи бенд и Ѓоко Јовиќ, Благоја Грујовски, Марјан Коцев, група Респекти, Либеро Бенд, Екстра Бенд, Премиер Бенд, група Мерак...

 

Бојан е 18-годишно момче, кое минатата година во сообраќајна незгода се здоби со тешка повреда на ‘рбетниот мозок (QUADRIPLEGIA – одземеност на раце и нозе), при што остана целосно неподвижен. Потребни му се парични средства за лекување во Москва, Русија. Неговото семејство не е во можност да ги подмири трошоците за неговото лекување, па затоа до сега се одржаа повеќе хуманитарни настани со цел да се соберат потребните средства.

 

Отворени се и броеви за донации - за корисниците на Телеком: 070 143 414 и за корисниците на ВИП (A1): 143 550.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.