Општина Гази Баба со предлози за книги, филмови и музика на граѓаните им ги олеснува деновите во изолација

Општина Гази Баба во обид да им го исполни слободното време на граѓаните, додека се дома со нивните најблиски, отвори веб-страница на која може секој заинтересиран да испрати предлог за добра музика, филмови, книги, како и предлози за предизвици кои ќе ја будат креацијата како кај најмладите така и кај возрасните.

Изработките за #ГазиБабаПредизвик е потребно да бидат фотографирани или снимени во кратко видео, со цел и граѓаните да си бидат меѓусебна мотивација, а најдобрите ќе добијат симболична награда од општина Гази Баба.

„Нашата цел е да ги мотивираме граѓаните слободното време кое овој период е на претек, да го поминат рационално, креативно, едукативно, заедно со најблиските, да креираат моменти за кои претходно немале можност поради недостаток на време“, велат од општината.

Прв музички предлог од општината беше еден од концертите на нашата легенда Тоше Проески, потоа македонскиот филм „Тетовирање“, потоа стари македонски приказни кои кријат искрени поуки, па со предлог стари детски песнички кои децата и ден денеска ги слушаат. Следуваше и првиот Гази Баба предизвик – замок со ќебиња во соба, предлог кој разбуди голем интерес кај граѓаните.

Предлог за книга беше делото на Лусинда Рајли, со наслов „Љубовното писмо“, микс од добри македонски евергрини, како и македонскиот филм „Балкан Кан“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.