Започна третиот дел од проектот „Не пластични кеси“

Во ОУ ,,Наум Охридски“ во Булачани во Општина Гази Баба денеска започна третиот дел од проектот „Не пластични кеси“.

Проектот го спроведува здружението „Еко звон“, а е поддржан од Општина Гази Баба. Веќе втора година ова здружение оддржува предавања низ повеќе училишта во општината, со цел да се подигне еко свеста кај децата за загадувањето на природата при користењето пластични кеси.

 

 

На секое предавање се истакнува можноста наместо пластични кеси, да се употребуваат алтернативни решенија, како еко торби или платнени торби.

Учениците и организаторите на настанот упатија еколошки пораки за користење платнени или хартиени торби, со кои се штити и се чува природата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.