Проектот „Не пластични кеси“ во ОУ „Стив Наумов“ во Автокоманда

Во ОУ ,,Стив Наумов“ во Автокоманда во Општина Гази Баба денеска продолжи третиот дел од проектот „Не пластични кеси“. Проектот го спроведува здружението „Еко звон“, а е поддржан од Општина Гази Баба.

Ова здружение оддржува предавања низ сите 11 училишта во општината, со цел да се подигне еко свеста кај децата за загадувањето на природата при користењето пластични кеси. 

 

И денеска на учениците им се презентираше можноста наместо пластични кеси, да употребуваат еко торби, односно повеќенаменски платнени торби.

 

Учениците и организаторите на настанот упатија еколошки пораки за користење платнени или хартиени торби, со кои се штити и се чува природата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.