Ранче и прибор за секое прваче во Ѓорче Петров
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 19 Август 2024
Општина Ѓорче Петров за учебната 2024/2025 година обезбеди ранче и прибор за секое прваче во сите шест основни училишта.
Како и минатите две години, општината повторно им излезе во пресрет на родителите кои имаат прваче, со што на овој начин, финансиски им се олесни во однос на трошоците кои ги имаат за нивните ученици.
На овој начин повторно покажуваме грижа и за нашите најмлади граѓани кои возбудено го чекаат првиот школски час. Летниот распуст го искористивме за санација на делови од училиштата каде што имаше потреба од интервенција. Последно, ги обновивме ѕидните површини на ООУ „Мирче Ацев“, информираше градоначалникот Александар Стојкоски.
Тој додаде дека општината е целосно подготвена за старт на нова учебна година во сите основни училишта.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс