На ул. Борис Сарафов кај ОУ,,Мирче Ацев,, ќе се постават семафори

Ул. Борис Сарафов

Поставување на семафор на ул. Борис Сарафов кај ОУ ,,Мирче Ацев,, за поголема безбедност на пешаците и учениците. Оваа одлука ја донесе Општина Ѓорче Петров во координација со Град Скопје, како решение на проблемот со брзото возење и непочитување на пешаците, по немилиот настан кој се случи вчера каде во сообраќајна незгода беше повредено 10-годишно дете.

 

На критичното место на ул. Борис Сарафов кај ОУ,,Мирче Ацев,, во Општина Ѓорче Петров, каде што вчера во сообраќајна несреќа беше повредено 10-годишно дете, во координација со Град Скопје ќе биде поставен семафор, соопштија денеска од општината и очекуваат со семафорот да се реши проблемот со брзото возење и непочитување на пешаците кои поминуваат на пешачкиот премин кај училиштето. Градоначалникот Александар Наумоски во својата писмена изјава до медиумите изразува големо жалење за незгодата и се надева дека по решавање на сообраќајниот проблем, никогаш повеќе нема да се повтори таков немил настан. Тој апелира на свесност и совесност кај возачите кои сообраќаат особено по ул. Борис Сарафов, поради големата фрекфенција на деца заради училиштето, но и на разумност кај родителите и смирување на тензиите поврзани со настанот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.