Над 2000 посетители на манифестацијата Ден на крстот во Кучково

Ден на крстот

Традиционално секоја година на 1Мај Општина Ѓорче Петров кај крстот во с. Кучково го одбележува Денот на крстот. Оваа година манифестацијата се одржа по 13 пат и е една од ретките од ваков вид.

 

На манифестацијата беа организирани повеќе активности, општо народен собер, учениците од основните училишта од општината учествуваа во спортските игри, богата културно-забавна програма ликовно катче каде ликовните уметници инспирацијата од богатата природа ја пренесуваа на платно. Она што беше атрактивно за сите посетители е војничкото гравче. Оваа манифестација е препознатлива по подготовката на војничкото гравче кое се служи за ручек на сите посетители на овој ден.

 

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумоски ја поздрави манифестацијата и рече дека и понатаму ќе продолжи да се организира, за што општината предвидела и неколку проекти за поголемо разубавување на местото и привлекување на што поголем број посетители, не само на овој ден туку и за време на викендите. Убавините на Кучково ги посетија голем број граѓани кои 1Мај одлучија да го поминат во друштво со пријателите и семејствата. Неизбежно беше да се сретне скарата, сала, ракија и добра музика.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.