Собрани околу 50. 000 денари на хуманитарната забава за Дамјан

Хуманитарна забава за Дамјан

Домот на културата во општина Ѓорче Петров вчеравечер беше претесен за да ги собере сите хумани граѓани кои со своето присуство на хуманитарната забава му помогнаа на малиот Дамјан. Хуманитарниот концерт во организација на општина Ѓорче Петров, во соработка со група граѓани од општината, на кој настапија голем број музички имиња се одржа под мотото „Да запееме со душа за Дамјан да слуша! “


Дамјан беше опериран на 17.04.2018 година и во мозокот му беше вграден кохлеарен имплант со чија помош тој треба да почне да ги прима звучните сигнали. Општината и група граѓани собраните средства во износ од околу 50. 000 денари ги наменија за трошоците за неговото лекување и одржување на имплантот во постојана функција.


На истата локација и претходно беа организирани хуманитарни концерти, што ја прави општина Ѓорче Петров, една од најхуманите општини во Ѓорче Петров. Градоначалникот, Александар Наумовски искажа подготвеност и во иднина да организира слични хуманитарни активности за потребите на неговите сограѓани.


Големиот број присутни ги забавуваа младите музичари Магдалена Алексовска, Ристо Самарџиев, Влатко Илиевски, Џина Папас Џокси, кои ги прашавме колку често се дел од хуманитарните забави кои се организираа, и каков е нивниот впечаток за одзивот на присутни.


Концертот продолжи со звуците на класичната музика со Марко Наумовски, Екатерина Лукарова, Изабела Велковска и Оља Михајловиќ - флејта,  Александар Војнески и Бојана Мирковска - виолина, Нина Крагуевска - кларинет, Виктор Богоевски и Дамјан Илиовски- тромбон, Александра Кировска - гитара, - тромбон, Дани Жоговска - пијано... 

 

Со цел собирање што поголем број финансиски средства за лекувањето на Дамјан, в сабота парите собрани од продажбата на билетите за фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Влазрими од Кичево, ќе бидат донирани на неговото семејство.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.