Со поставување семафор полека започна да се решава сообраќајниот проблем на ул. Борис Сарафов

Семафор на ул. Борис Сарафов

Сообраќајниот проблем на критичната точка на ул. Борис Сарафов во Ѓорче Петров во близина на ОУ,,Мирче Ацев,, полека почнува да решава. Од општината информираат дека поставен е семафор на пешачкиот премин кој најчесто го користат ученици кои се најзагрозена категорија, а зачестени се и сообраќајните контроли на МВР.

 

Поставен е семафор на улицата ,,Борис Сарафов,, кај основното училиште ,,Мирче Ацев,, кое важеше за критична точка во сообраќањето низ Ѓорче Петров.


Од општината информираат дека се очекува ЕВН да постапи во однос на пуштањето електрична енергија, со што семафорот веднаш би бил пуштен во употреба.


Во меѓувреме, се поставуваат и останати сообраќајни знаци за регулација на брзината, а се означуваат и пешачки премини долж целата улица. Напоредно со семафорот, беше поставена и ограда кај училиштето, заради подобра безбедност, пред се на децата.


Наскоро се планира уредување на зеленилото околу семафорот, заради подобра видливост на истиот. Од страна на МВР зачестена е сообраќајната контрола во тој дел на Ѓорче Петров, со што се очекува целосно решавање на проблеми во сообраќајот на улицата ,,Борис Сарафов,,.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.