Опремена куќата на Драги - човекот со ластичињата од „Рекорд“

Опремена куќата на Драги

Општина Ѓорче Петров веќе е препознатлива по хуманата димензија која е застапена во работењето на локалната самоуправа. Како и многупати досега, и овојпат општинарите, предводени од градоначалникот Александар Наумовски ја покажаа својата хуманост, овојпат преку донација на покуќнина за како што велат, нивниот сограѓанин, Драги од Хром кој е социјален случај и е во тешка здравствена состојба.


При реализацијата на оваа хуманитарна помош, градоначалникот Наумовски истакна дека идејата да му се помогне на овој човек, дошла откако го посетил Драги, при што самиот побарал покуќнина.


На Драги, познат како човекот кој продава стегачи за коса на Рекорд, покрај мебел, општината му додели и еднократна парична помош, а понудено му е и болничко лекување, информираат од општината.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.