Ученици од Ѓорче Петров и Разлог прават опрема за соларна употреба

Do and Learn

Училиштата од општина Ѓорче Петров ја продолжуваат соработката со училиштата од општина Разлог од Бугарија, во рамки на проектот Do and Learn, односно создај и научи, кој има за цел да развие соодветна примена на предавањата за обновливите видови енергија преку практична примена.


Во таа насока, денеска тим од наставници од општина Разлог, предводена од заменик градоначалникот Иван Гуров, ја посетија општината, а потоа и основното училиште Мирче Ацев, кое предводник на овој голем проект во кој ќе бидат опфатени вкупно 16 училишта, шест од Македонија и 10 од Бугарија.


Како што информираше градоначалникот на општина Ѓорче Петров, проектот трае веќе две години, и е во втората половина од неговата имплементација.


Координаторот на проектот, Антонио Павлов, нагласи дека очекувањата се дека повеќе од 300 ученици ќе ги подобрат познавањата од областа на обновливата енергија, така што ќе бидат вклучени во овој проект.

 

Проектот Do and Learn, преку теоретски пристап предвидува промоција на сите видови опрема за соларна употреба во образовниот рпеоцес, со теоретски пристап и практичен пристап со обезбедување на соларна опрема со можност за монтажа и демонтажа.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.