ТНТ - нов кошаркарски клуб во Ѓорче Петров

ТНТ

ТНТ е името на новиот кошаркарски клуб, кој под покровителство на општина Ѓорче Петров, започна да функционира од вчера. Клубот ги опфаќа младите кошаркари, до 18 годишна воздраст, и истиот ќе се натпреварува во третата кошаркарска лига.


Во присуство на голем број љубители на спортот, официјалното отварање на клубот го најави градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, кој нагласи дека овој кошаркарски клуб се формирал под мотото „Да си ги вратиме децата дома“, поттикнати токму од информацијата дека во општината досега не функционирал ниту еден ваков спортски клуб, па децата од Ѓорче биле принудени да тренираат далеку од дома.

 

Според зборовите на Наумоски, општината на младите спортисти ќе им помогне при обезбедување сала за одржување на тренинзи и натпревари, како и со дополнителна парична помош.

 

Потпретседателот на клубот Вања Наумовски информираше дека претстојниот летен период ќе го искористат за селекција на кошаркари од генерацијата 2000 година, како и за обука на деца од предучилшна и училишна воздраст. Иако клубот е од машка конкуренција, тренинзите ќе бидат отворени и за девојчиња, а доколку се појави голем интерес, отворена е можноста за формирање и на женски кошаркарски клуб, додаде Наумовски.

 

Елизабета Дамјаноска Спасеновска

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.