All for Joomla All for Webmasters

Баскерфест во Ѓорче Петров си собра сите граѓани во Реоснкиот парк

Баскерфест во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров беше центар на културните збиднувања и домаќин на светски познатиот ,,Баскерфест,, кој годинава стартуваше токму од реонскиот парк во Ѓорче. Триесетина артисти од Јапонија, Шпанија, Аргентина, Бразил, Франција преку своите настапи, поддржани со музички перформанс ги забавуваа присутните во паркот во Ѓорче Петров.

 

За прв пат оваа година скопската Општина Ѓорче Петров беше домаќин на уличното шоу Баскерфест. Реонскиот парк синоќа беше преполн со дечиња и нивните родители кои ја следеа претставата на уличните изведувачи, нешто што ретко се гледа. Магионичарски трикови, жонглирање со оган, одење по јаже и разни други акробации ги натераа жителите на Општина Ѓорче Петров да останат до крај во паркот за да ги видат сите точки на изведувачите. Позитивните реакции и големиот број присутни во паркот ќе биде мотив Општината секоја година да го носи Баскерфест токму на нејзина територија.


Баскерфест се организира 13-та година по ред, но организаторите се многу задоволни од тоа како е прифатен фестивалот од Општина Ѓорче Петров, општина во која има многу деца. Според нив Баскерфест е убав фамилијарен настан и интересен за сите возрасти и се надеваат дека од следната година повеќе општини ќе изразат желба да бидат домаќини на овој светски фестивал. На овогодинешниот Баскерфест има изведувачи од целиот свет, но има и домашни уметници кои се вклучени во фестивалот.


Баскерфест во Општина Ѓорче Петров е дел од програмата за култура која има за цел со организирање повеќе манифестации да бидат анимирани децата од сите возрасти, како и повозрасните жители.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.