Општина Ѓорче Петров ќе пренесува идеи и искуства од Општина Ормож, Словенија

Општина Ѓорче Петров

Идеи и искуства кои ги применува Општина Ормож од Словенија во делот на водоснабнување, наводнување и прочистителни станици на отпадни води ќе ги применува и Општина Ѓорче Петров. Оваа соработка е резултат на посетата на градоначалникот Александар Наумоски во оваа општина.

 

Делегација од општина Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Александар Наумоски при официјалната посета на Општина Ормож Република Словенија направиви теренски увид на инфраструктурни проекти од областа на водоснабнување, наводнување и прочистителни станици на отпадни води. Како што информираат од општината на градоначалникот и останатиот тим од Општина Ѓорче Петров им биле презентирани начините и можностите на искористување на средства од фондовите на ЕУ. Исто така претставниците на општина Ормож им ги презентирале резултатите и ефектите од реализираните проекти.Тимот на општина Ѓорче Петров извлече идеи и искуства за кои ветија дека силно ќе се заложат да ги реализираат и да овозможат подобар живот за сите граѓани.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.