Земјоделците од општина Ѓорче Петров го намалуваат производството поради недостиг на вода

Општина Ѓорче Петров

Во организација на општина Ѓорче Петров и Факултетот за земјоделски науки, во Домот на култура во Ѓорче Петров се одржа трибина со земјоделците од општината на тема фуражни култури, складирање и правилно чување за време на зимскиот период.

 

Како што информираше Верче Стојановска, од информативната канцеларија за земјоделство, целта на оваа едукативна средба е да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат земјоделците, по што општината ќе превземе мерки за решавање на истите, во рамки на нејзините надлежности.

 

Информативната канцеларија за земјоделство која е лоцирана во Месната заедница во Ново село, започна да функционира на 01. февруари годинава, со цел да излезе во пресрет на потребите на населението кое се занимава со земјоделие. Една од главните цели е да се приближат ИПАРД програмите до сите земјоделци, и да се развие земјоделието во руралниот дел од општината.

 

Професорот Зоран Димов потсети дека вакви трибини Факултетот за земјоделски науки организира постојано и интензивно во изминатите години, и посочи дека секогаш е расположен да ги сослуша граѓаните, и да се обиде да им помогне, со што излегува од стереотипното држење предавања.

 

Ги прашавме и земјоделците кои се нивните барања. Еден од основните проблеми со кои се соочуваат е недостигот на вода за наводнување на нивите.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.