Реконструирани детски игралишта во Ѓорче Петров

 

Општина Ѓорче Петров информира дека на барање на граѓаните периодов интензивно се работело на реконструкција на неколку детски катчиња на повеќе локации низ општината. Од таму посочија дека игралиштата во населбата Даме Груев, како и во Хром, поточно на улиците Воин Драшкович и Веле Марков се веќе комплетно обновени.

 

Истовремено, со завршувањето на учебната година, се овозможуваат реконструктивни зафати и во училиштата. Општината тоа го искористи во насока на обновување на кошевите во ОУ „Страшо Пинџур“.

 

Активностите за подобрување на условите за игра и рекреација на најмладите ќе продолжат и во текот на летниот период, додаваат од општината, со што како што велат ќе овозможат непречена забава на најмладите жители на Ѓорче Петров.

 

Покрај забавата, во програмата на општина Ѓорче Петров е застапен и едукативниот дел, во кој 70 ученици од сите училишта посетуваа летен камп по англиски јазик. Наставата се одржуваше во училиштето Тихомир Милошевски, каде преку интерактивна забава се учи англискиот јазик.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.