Се реконструира дел од ул. Исаја Мажовски во Хром

По барање на жителите од Општина Ѓорче Петров, се реконструира дел од улицата Исаја Мажовски покрај детската градинка во Хром. Во овој дел од општината исто така се поплочува и пешачка патека од улицата до градинката во должина од 400 метри.

 

 

Општина Ѓорче Петров започна со градежни активности за рехабилитација на дел од улицата ,,Исаја Мажовски,, покрај градинката во Хром.

 

Како што информираат од општината, реконструкцијата на оваа улица следува по барање на граѓаните, а со санација на оштетениот дел од улицата се решава проблемот со кој жителите од овој дел на општината долги години се соочувале.

 

Во насока на подобрување на патната инфраструктура и обезбедување услови за безбедно движење на пешаците во завршна фаза е и поплочувањето на новата пешачка патека во должина од 400 метри од улицата Исаја Мажовски до градинката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.