Општина Ѓорче Петров го измени Урбанистичкиот план за Стопански двор

Општина Ѓорче Петров за да им излезе во пресрет на граѓаните, односно за полесно да може да си ги легализираат своите објекти, објави дека Советот на општина Ѓорче Петров на последната 13. седница, ја изгласал одлуката за измена и дополна на Урбанистичкипт план вон населено место-клучка Стопански двор. Со измената се предвидува дел од планот од индустрија да се менува во домување.

 

Урбанистичкиот план вон населено место -клучка Стопански двор е усвоен со одлука на Советот во 2010 година, со намена Г2, Г3 и Г4-лесна незагадувачка индустрија.


Со стапување во сила на Законот за легализација во 2011 година со појави потреба од измена на дел од намената на планот од Г индустрија во А домување, бидејќи дел од урбана единица А е со изградени објекти за домување и сопствениците на овие објекти не можеа да си ги легализираат, бидејќи не одговараше намената на планот, истакнуваат од Општина Ѓорче Петров.


Урбана единица Б ќе ја задржи намената Г, бидејќи парцелите кои генерално беа во сопственост на РМ, веќе се оттуѓени по пат на јавно наддавање. Урбана единица Б во која од усвојувањето на планот во 2010 година до денес не е издадено ниту едно одобрение за градење со намена Г, по согледување на општината и од барање на граѓаните се пренаменува комплетно во А - зона за домување, бидејќи се наоѓа на извонредна локација кон југ и поглед кон планината Водно и браната Матка.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.