Од денеска до 23-ти ,,Звуците на културата" во Ѓорче Петров

Во паркот во општина Ѓорче Петров вечер почнува манифестацијата „Звуците на културата“, што ќе трае до 23-ти овој месец и на која ќе настапат познати македонски музички бендови и изведувачи.

 

На манифестацијата, што се одржува првпат годинава, ќе има и базар, културни и спортски игри, работилници за деца, театарски претстави, хуманитарна акција, кино-проекција на отворено, катче за вдомување и помош на бездомни животни, ракотворби, баскер перформанси, како и презентација на храна и пијалаци од локални производители. 

 

На „Звуците на културата“ ќе настапат Игор Џамбазов и Гуру Харе, Кристина Арнаудова, Тони Зен, Мугер Фугер, Ласт Експедишн, Бени и Нон Стоп, Токсиколози, Чил Плеј, Миле Кузмановски, Милко, Летечки Пекинезери и уште многу други музички имиња, а посетителите ќе уживаат во добра забава.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.