Со крводарителска и хуманитарна акција одбележан Денот на општина Ѓорче Петров

Изминативе денови, во периодот од 19 септември до вчера, општина Ѓорче Петров пулсираше во знакот на културата и музиката, во рамки на манифестацијата Звуците на културата, со која беше одбележан и Денот на општината, 20 септември.

 

Покрај со музички настапи, одбележувањето на Денот на општината, помина и во знакот на хуманоста, со организирање хуманитарна акција, наменета за ранливите категории на граѓани, како и со крводарителска акција, во која како и минатите години, и оваа година се вклучија голем број граѓани. Во рамки на хуманитарната акција беа доделени 50 пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена. Како што соопшти раководителката на одделението за јавни дејности, Соња Палчевска- Ќосева, оваа акција е дел од активностите планирани за оваа календарска година, а до крајот на годината планирани се уште три вакви акции.

 

Традиционалната крводарителска акција повторно ги спои крводарителите од Ѓорче. Во Центарот за култура годинава над 70 крводарители даруваа крв. Општина Ѓорче Петров, која важи за хумана општина секоја година дава по околу 600 нови крводарители, истакнува претседателот на комисијата за крводарување, Љубинко Ристов.

 

 Претседателот на комисијата за крводарување упати и порака до сите кои до сега не дарувале крв, што поскоро да го направат тоа, за подобрување на сопственото здравје, но најважно од се, за да спасат нечиј живот.

 

 Крводарителната акција е во организација на Општината, Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.