Поставен камен темелник на модерен станбен комплекс во Ѓорче Петров

Поставен камен темелник на  објектот ,,Гарден ин резиденс,, кој ќе се гради во општина Ѓорче Петров. Станува збор за модерен станбен комплекс на инвеститорот Бис оил.

 

Овој комплекс се простира на површина од 22 илјади метри квадратни и ќе содржи 130 станови, 24 дуплекси, и вили кои, како што истакна инвеститорот Имер Селмани, претставуваат пример дека може зеленилото и урбаното да се направат заедно. Станува збор за високо енергетски објект кој има поставено нов стандард. На покривот наместо кров ќе има зелена градина.

 

Инвеститорот Семлани пред присутните го истакна новитетот кој го воведуваат.  Во становите ќе биде обезбедено греење и ладење а преку мобилен телефон ќе може да се провери температурата во домот. Целата инвестиција на комплексот изнесува 10 милиони евра.

 

На почетокот на градбата присуствуваше и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски кој пред присутните ја истакна подготвеноста на општинската администрација во поглед на проектите и плановите на објектот.

 

Наумости рече дека Општина Ѓорче Петров има потенцијал за развој на инвестиции како во јавниот така и во приватниот сектор. За таа цел се подготвуваат повеќе развојни проекти за финансирање од програми на Владата на Република Македонија, ЕУ и други меѓународни фондови, но и со примена на модели на јавно приватно партнерство во делот на изградба и модернизација на училишта, детски градинки проширување на улици и патишта, проширување на водоводна и канализациона мрежа, модернизација на улично осветлување и други развојни проекти.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.