И по истекот на рокот во Општина Ѓорче Петров ќе се разгледуваат апликациите за субвеници за фасади и покриви на згради

Само 19 апликации се пристигнати до општина Ѓорче Петров до истекот на рокот на јавниот повик за субвенционирање и поддршка на станбени згради за колективното домување со проектот „Енергетски ефикасни домови“ за реконструкција на фасади и покриви на згради постари од 25 години.

 

 Од Општина Ѓорче Петров велат дека од страна на комисијата извршен е увид на доставените апликации и констатирано е дека до рокот за пријавување доставени се вкупно 19 апликации од заедници на сопственици или управители, при што ниту една апликација не била со целосно потребни податоци и документи кои се бараа во повикот, но сепак се пристапило кон евалуација со цел да се елиминираат недостатоците и да се надополнат апликациите со цел да се направи конечна ранг листа.

 

Од општината соопштуваат дека и понатаму од страна на комисијата ќе се разгледуваат сите поднесени апликации се до целосно искористување на финансиските средства предвидени во Буцетот за оваа намена.

 

Целта на јавниот повик беше општината од својот буџет и Хабитат, преку субвенции и евтини кредитни линии да им помогнат на граѓаните за изградбата на енергетско ефикасни фасади и покриви на згради.

 

Условите за добивање на субвенција кои беа пропишани во јавниот повик, предвидуваат општината да партиципира со 30 проценти од вкупната вредност инвестицијата за секоја одобрена апликација, но не повеќе од 1.000.000 денари. Според регистарот на згради кој општината го направи со Хабитат, на територијата на Ѓорче Петров има околу 250 згради, а половина од нив, или 125 згради, може да влезат во проектот „Енергетски ефикасни домови“.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.