Бесплатни ужинки и појадок за учениците во Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров обезбеди бесплатна ужинка за учениците во прво одделение во сите основните училишта во општината.

 

Како што информираат од општината, ова се однесува на децата во класична настава, додека пак за децата во продолжен престој обезбеден е бесплатен појадок.

 

Градоначалникот на општината, Александар Наумоски вели дека реализиран е уште еден многу важен сегмент кој се  однесува на најмладите и образованието и истиот е дел од неговата програма за изборите, а со тенденција секоја нова учебна година да се опфати нова генерација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.