Од 1 октомври почна дистрибуцијата на бесплатни ужинки во Ѓорче

Од 1 октомври почна дистрибуцијата на бесплатни ужинки за сите првачиња од основните училишта во Општина Ѓорче Петров.

 

Ова се однесува на децата во класична настава, додека пак за децата во продолжен престој обезбеден е бесплатен појадок.

 

Градоначалникот Ачлександар Наумоски вели дека реализиран е уште еден многу важен сегмент кој се однесува на најмладите и образованието и истиот е дел од неговата програма за изборите, а со тенденција секоја нова учебна година да се опфати нова генерација.

 

Исто така оваа учебна година учениците од одделенска настава  ќе добијат бесплатна екскурзија.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.