Заврши асфалтирањето на улиците во Кисела Јабука

Општина Ѓорче Петров заврши со реконструкцијата на улицата 62 во Кисела Јабука која доби нов асфалт.

 

Од општината информираат дека се санирани сите штети кои со години наназад претставуваа сериозен проблем за тамошните жители. 

 


Во меѓувреме, завршено е и асфалтирањето на улицата 54 заедно со краците во Кисела Јабука. Во периодот што следува, продолжуваме интензивно да работиме на санирање на критичните точки низ Ѓорче Петров, велат од Општина Ѓорче Петров.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.