Спортските клубови од Ѓорче Петров ќе добијат финансиска помош од општината

Дополнителна финансиска помош за спортските клубови на територија на општина Ѓорче Петров одобри Советот на 17-тата седница.

 

Општина Ѓорче Петров продолжува да им помага и да ги мотивира клубовите и поединците да спортуваат и да редат успеси кои веќе се видливи на терените.

 

Финансиската помош се однесува најмногу на позначајните клубови во Ѓорче, како ,,Македонија Ѓорче Петров” РК ,,Волково” ФК ,,Волково”  и на уште многу други поединци кои постигнале високи резултати во спортот.

 

Како што информираат од општината, советниците дадоа зелено светло и за Предлог-одлуките за измена и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање Ф, за комунални дејности за 2018 година и за животна средина и природа, за оваа година, опфатени со првиот ребаланс на Буџетот на општината.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.