Општина Ѓорче Петров со повеќе активности го одбележува 14 ноември

Со повеќе манифестации Општина Ѓорче Петров, денеска го одбележува ослободувањето на општината, под мотото Скопје слободно- Ѓорче гори!

 

Во рамки на целодневната свеченост беа застапени повеќе активности, кои започнаа со Свечена церемонија во Реонскиот парк и положување цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОБ.

 

Свежо цвеќе положи и делегација предводена од градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, кој истакна дека покрај со оваа свеченост, на сојузот на борците од општина Ѓорче Петров, општината ќе им помага и со формирање на паричен фонд, наменет за нивните потреби.

 

 Во рамки на одбележувањето на Денот на ослободување на општина Ѓорче Петров, во Домот на културата се одржа и детскиот фестивал Соната, а со натпревар во мал фудбал, почит на борците од Народно ослободителната борба им оддадоа и дел од вработените во општинската администрација. Одбележувањето продолжува во текот на вечерните часови. Вечерва во Домот на културата ќе се одржи хуманитарна забава на која ќе настапи диџеј Бабура Јуниор.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.