Хуманитарна забава за Христина во организација на о. Ѓорче Петров

Вчера вечер во Домот на култура во општина Ѓорче Петров, во состав на Одбележувањето на Денот на ослободување на општината, под мотото „Скопје слободно, Ѓорче гори“ организираа хуманитарна забава за помош на Христина Митревска од ООУ “Ѓорче Петров” која боледува од редок и тежок облик на заболување.

 

Општината и претходно со организирање на хуманитарни забави, но и со доделување на парична помош и помагаше на малата Христина.

 

Лекувањето на Христина сеуште е неизвесно, иако таа е поканета во Вашингтон на бесплатна експериментална дијагностика со цел конечна дијагноза на нејзината состојба. Семејството на Христина не е во можност да ги обезбеди потребните парични средства за превоз и престој во САД, затоа помош бараат од хуманите граѓаните.

 

Христина е паметна 12 годишна девојка, иако кога ќе ја видите ќе помислите дека станува збор за 3 годишно дете. Ретката болест која го нападнала ова девојче, покрај растот, ги напаѓа и останатите органи. Нејзината единствена желба, како што самата вели е да порасне.

 

Трансакциската сметка за донации е 200003281030036 на Стопанска Банка, АД Скопје. 

Број за донации:

143-502 за Вип

143-133 за Т-Mobile

Со секој повик се донираат 100 денари.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.