Од 19 ноември, во Ѓорче Петров ќе биде отворена канцеларија на УЈП

Од19-ти ноември, до крај на годината стартува со работа канцеларијата на Управата за јавни приходи наменета за годишна даночна пријава која ќе биде отворена во урбаната заедница-Ѓорче Петров, поранешна очна амбуланта “Ленс”.

 

Како што информираат од општина Ѓорче Петров, оваа канцеларија, која што се отвора во соработка со ИЈП, има за цел целта е заеднички со УЈП да им олесни на граѓаните на Ѓорче Петров да го избегнат метежот во Дирекцијата на УЈП при пополнувње на годишната даночна пријава за утврдување на персонален данок.

 

Истата ќе функционира секој работен ден во текот на работното време, со можност за продолжување на времето, доколку има потреба. Откако Управата за јавни приходи го претстави новиот модел на пријавување данок, јавноста ја вознемирија неколку прашања, и нејаснотии.

 

Имено, за разлика од досега, кога обврска за пријавување данок имаа единствено лицата кои оствариле дополнителен приход, покрај платата и пензијата, од сега оваа законска обврска ќе важи за сите. Но не како до сега кога со пополнета пријава се одеше во некој од шалтерите на УЈП, туку оваа обврска граѓаните ќе мораат да ја направат електронски. Ваквата новина најмногу ги исплаши повозрасните граѓани кои се недоволно запознати со начинот на електронско пријавување, а покрај тоа и не се во можност да ги користат интернет услугите на мобилните оператори.

 

Од УЈП велат дека целта е да се намалат турканиците на шалтерите, и да се олесни процесот на работа. За да им се овозможи и на пензионерите да ја исполнат оваа законска обврска, ќе бидат ангажирани и мобилни канцеларии кои ќе бидат присутни и во најоддалечените села во Македонија. Лицата кои немаат пристап до интернет, или од други причини не се во можност електронски да се регистрираат, ќе можат да ополномоштат друго лице, и во негово присуство да отидат на шалтер и да ја примат пријавата.

 

За тие што нема да ја испочитуваат законската обврска ќе следуваат парични казни.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.