Градоначалникот Александар Наумоски на средби со граѓаните за креирање на Буџетот на општината за следната година

Општина Ѓорче Петров започна со јавните дискусии по повод креирањето на буџетот на општината за 2019 година. 

 

Општината заедно со Центарот за управување со промени, преку проектот “Мои пари, моја одговорност: Партиципативно раководење со буџетот на општините во Република Македонија”, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество “, им овозможува на граѓаните активно да учествуваат во поставувањето финансиска рамка за приоритетите за следната година во сите сфери од локалната самоуправа. 


Од Општина Ѓорче Петров информираат дека до затворање на програмите за работа на секторите и конечната конструкција на буџетот, продолжуваат со овој транспарентен начин на вклучување на граѓаните во програмите за работа на Општина Ѓорче Петров, со цел носење на граѓански буџет кој ќе ги задоволи потребите на жителите на Ѓорче Петров.

 

Токму за таа цел градоначалникот Наумоски оствари средба со граѓаните на Волково и околината на која дискутираа за буџетот за 2019 година и она за што тие сметаат дека е приоритетно да се внесе во финансиската програма за следната година, а со цел подобрување на условите за живот во Ѓорче Петров.

 

Сите нивни барања кои воглавно се однесуваа на инфраструктурата, ќе бидат сериозно разгледани за вметнување во програмите за работа на секторите, информираат од општината.  До финализирање на буџетот, продолжуваат на транспарентен начин да ги сослушуваат граѓаните.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.