Работни активности во о. Ѓорче Петров

Улицата " Воин Драшкoвиќ" во Хром после долги години мрак, конечно доби улично осветлување.

 

Како што информира градоначалникот Александар Наумоски, во близина на подрачното училиште "Димитар Поп Георгиев Беровски" поставени се пет нови столбови и 7 нови светилки, натриум 150 W, кои одговараат на највисоки стандарди за ваква улица.

 

Од општината додаваат дека активностите за целосно осветлување на општината ќе продолжат и во следниот период. Екипи се на терен, со цел, да се модернизира и подобри состојбата со уличното осветлување во општина Ѓорче Петров.

 

Од општината информираат дека покрај осветлувањето, интензивно работат и на подобрување на патната инфраструктура. За таа зел завршено е асфалтирањето на улицата "Пекљање 5" во населбата Даме Груев. Се подготвуваат за работа и "Пекљање 3" и "Пекљање 1".

 

Поради неповолните временски услови, можно е кратко пролонгирање на асфалтирањето онаму каде се работи, но општинарите апелираат за трпение кај граѓаните.

 

По асфалтирањето на овие улици, градежните екипи ќе продолжат да интервенираат и на останатите инфраструктурни критични точки, за што ќе бидат обезбедени средства при креирањето на буџетот на 2019 година, информираат од општината.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.