Субвенции за печки на пелети и инвертер клими и за жителите на Ѓорче Петров

Граѓаните на Општина Ѓорче Петров ќе имаат можност да добијат помош од општината при купување печки на пелети и инвертер клими со новата мерка која општината планира да ја воведе со цел намалување на загадениот воздух, односно преку субвенци за печки на пелети и инвертер клими.

 

Советот на Општина Ѓорче Петров на 20-тата седница донесе Предлог-програма со која се планираат средства кои директно ќе влијаат на заштита на животната средина, а особено на аерозагадувањето. Па така, од следната грејна сезона се предвидува на жителите на Ѓорче Петров да им се даде шанса и можност да го променат начинот на греење, преку стимулирање со субевнција. Како што информираат од општината, за мерката "печки на пелети" ќе може да се издвои максимум до 30.000 денари, а за средствата за инвертер клима-уред би се издвоиле најмногу до 20 илјади денари по апликант.


Советниците дадоа и "зелено светло" за програмата со која се предвидува и продолжување на проектот за субвенционирање енегретски ефикасни фасади на станбени згради постари од 25 години.

 

Целта на јавниот повик бе општината од својот буџет и Хабитат, преку субвенции и евтини кредитни линии да им помогнат на граѓаните за изградбата на енергетско ефикасни фасади и покриви на згради.

 

Условите за добивање на субвенција кои беа пропишани во јавниот повик, предвидуваат општината да партиципира со 30 проценти од вкупната вредност на инвестицијата за секоја одобрена апликација, но не повеќе од 1.000.000 денари. Според регистарот на згради, на територијата на Ѓорче Петров има околу 250 згради, а половина од нив, или 125 згради, може да влезат во проектот „Енергетски ефикасни домови“.

 

Според усвоените одлуки на Советот, за наредната година се планира и да се доделуваат 10 стипендии за талентирани и надарени ученици. Исто така, продолжува и проектот за бесплатна ужинка за првоодделенците, како и бесплатен излет за децата од одделенска настава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.