Канализационата мрежа во Ѓорче Петров, по 12 години конечно се изгради

Со изградбата на последните 16 километри, финишираше изведбата на канализационата мрежа во општина Ѓорче Петров.

 

Со ова се решава долгогодишниот проблем на граѓаните со кој септичките јами се ставаат надвор од употреба а  се заштитуваат артериските бунари во сливот на реките Вардар и Лепенец.

 

 

Инвестицијата која на почетокот беше проценета на 1.400 000 евра, сега за нејзиниот финиш, односно за последните 16 километри е финансиски потпомогната со 650 000 евра, од Министерството за транспорт и врски.

 

 

Проектот за фекална канализација е започнат во 2006, поставена е канлизација во должина од 80 километри со што примарната мрежа е 100 % порекриена, а секундарната мрежа 70 проценти.

 

Во реализацијата на овој проект на кој се работеше цели 12 години, финансиски, со 500 евра од домаќинство, учествуваа и граѓаните на општината.

 

Од општина Ѓорче Петров најавуваат активности и за реализација на секундарната канализациона мрежа.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.