Општина Ѓорче Петров се справува со отпадот и дивите депонии

Деновиве во Општина Ѓорче Петров се спроведуваат повеќе акции за чистење на неколку месни заедници.

 

Како што информираат од општината, се работи со целата расположлива механизација и човечки ресурси, за општината да биде чисто и здраво место за живеење. Комуналните служби во континуитет работат на повеќе локакации. Се расчистуваше долж железничката пруга од ООУ Тихомир Милошевски до село Волково. Од улица 84, во должина од 1 километар подигнат е еден камион или 4 метри кубни ѓубре.

 

Исто така, се расчистуваат и дивите депонии во општината. Комплетно беше елиминирана дивата депонија на улица ,,Наум Чакарев” во месната заедница Мирче Ацев. Според информациите од општината, комуналните служби исфрлиле 22 камиона со ѓубре или 88 метри кубни смет.

 

Од Општина Ѓорче Петров велат дека битката со дивите депонии ќе се добие само тогаш кога граѓаните ќе бидат сојузници, а не наши противници. Редот и хигиената во околина го воспоставуваме сами, велат од Ѓорче.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.