All for Joomla All for Webmasters

Еднаков пристап за децата со посебни образовни потреби во Општина Ѓорче Петров

Инклузијата во училиштата е клучна за нормален раст и развој на децата со потешкотии. Од Општина Ѓорче Петров информираат дека покрај стручните тимови, како да работат со овие ученици се обучуваат и сите наставници.

 

Во основното училиште ,,Мирче Ацев,, се одржа обука на наставниот кадар во соработка со Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ.

 

Во основните училишта во општината се води посебна грижа за инклузија на децата со посебни образовни потреби, а сите ние им даваме максимална поддршка за да изградиме личности кои понатаму целосно ќе се интегрираат во општеството, истакнуваат од Општина Ѓорче Петров.

 

 Преку обука и семинари се изготвува програмата за работа со дечињата со посебни потреби, се утврдува правото за индивидуалните образовни потреби и се работи на нивна целосна имплементација.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.