Семејствата на загинатите бранители на ручек кај градоначалникот на Општина Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, заедно со националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов, денеска остварија средба со семејствата на загинатите припадници на АРМ, од територијата на општина Ѓорче Петров.

 

Двајцата претставници на власта ги слушнаа долгогодишните проблеми со кои се соочуваат сопругите, децата и родителите на бранителите кои во 2001 година својот живот го жртвуваа за Македонија. Најголемиот проблем за кои со години бараат решение овие луѓе е нередовното вработување. Тие од надлежните бараат да им помогнат во обезбедување на постојан работен однос во државна институција.

 

Ангелов потврди дека до сега малку е направено за семејствата на загинатите, но уверува дека тоа во најбрз можен рок ќе се поправи.

 

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски, кој и самиот бил учесник во воениот конфликт во 2001 година, информира дека ќе работи на подобрување на социјалниот и економски статус на семејствата на загинатите бранители од Ѓорче.

 

За потсетување, бранителите Томе Бадаровски, Гоце Чангуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски настрадаа на 10ти август 2001 година кога воено товарно возило на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две против тенковскимини.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.