Волково и Стопански двор добија ново приклучување кон обиколницата

Заврши асфалтирањето на улица 49 во Волково, информираат од Општина Ѓорче Петров.

 

Со ова локалното население доби уште едно поврзување со сред село  како и линија кон обиколницата од страната на Стопански Двор.

 

Улицата е во должина од 1 километар и широчина од 3,5 метри. Со ова значително се растеретува сообраќајот на главната улица 101.

 

Од Општина Ѓорче Петров истакнуваат дека со градежни зафати ќе продолжат согласно предвидената динамика и временските услови.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.