All for Joomla All for Webmasters

Печките на дрва и ѓумур во училиштата во Ѓорче ќе заминат во историјата

Во период кога јавноста од власта бара преземање на конкретни мерки за загадениот воздух кој е десет пати над дозволеното, општина Ѓорче Петров во соработка со Министерството за животна средина започна акција за промена на начинот на загревање во училиштата.

 

Овој голем проект кој во следниот период ќе ги опфати сите основни училишта во општината, денеска започна во основното училиште Димитар Поп Георгиев Беровски, каде што во посета на учениците беа градоначалникот Александар Наумоски и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, кој истакна дека според очекувањата во текот на 2019 година училиштето Беровски ќе започне со употреба на еколошко затоплување.

 

Како и ова училиште, и училиштето Тихомир Милошевски во Ново Село, веќе 58 години се греело најпрво на ќумур, а во последниов период на дрва. За потребите на учениците годишно, како што истакна градоначалникот Наумоски се трошат околу 160 метри кубни дрва.

 

Откако ќе се направат првите анализи и проценки ќе се донесе одлука дали училниците во Тихомир Милошевски ќе се затоплуваат на пелети или со топловодни пумпи.

 

Наумоски исто така потенцира дека општина Ѓорче Петров е една од еколошки најчистите општини во Скопје, а за тоа придонесува местоположбата на општината, ангажманот на комуналните работници, но и културата на граѓаните.

 

Архива: 28. 11. 2018





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.