Кражбите на струја причина за чести дефекти на уличното осветлување во Ѓорче Петров

Поради зачестените кражби на струја од системот за улично осветлување, настануваат дефекти на мрежата и цели линии на светилки престануваат да светат, информираат од Општина Ѓорче Петров и додаваат дека службите за енергетска ефикасност се во постојана битка со дивите приклучувачи.

 

Иако во континуитет се менуваат светилките, кражбите на електрична енергија значително влијаат на нивниот квалитет  како и на нивното прегорување.

 

Од Општина Ѓорче Петров апелираат до граѓаните  на совесност и почитување на законите, во спротиво за стореното кривичното дело „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“, се предвидува  казна до 5 години затвор како и парични казни од 5000 до 20 000 евра.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.