Ќе се прошируваат капацитетите на две училишта во Општина Ѓорче Петров

Со цел подобрување на образовната инфраструктура, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумоски одржа работен состанок со заменик министерот за образование Петар Арсовски.

 

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека во  капиталните инвестиции на Министерството за образование, во програмата за изградба и реконструкција, е предвидено да се прошират постојните  капацитети на 2 основни училишта и тоа во ООУ,, Димитар Поп Георгиев –Беровски” во Хром  е предвидена  изградба на 5 училни и 3 канцеларии, а во ООУ „Тихомир Милошевски“ во Ново село е предвидено проширување за дополнителни три училници.

Со проширувањето и добивањето повеќе простории во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ се создаваат услови ова училиште во кое сега настава се следи до 6-то одделение да стане деветолетка, додека пак проширувањето на капацитетите во ООУ „ Тихомир Милошевски” во Ново Село за дополнителни 3 училници се планира да се изведе по вертикала.

 

Според Општина Ѓорче Петров градежните работи треба да финишираат кон крајот на годината.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.