Целосна модернизација на системот за улично осветлување низ Општина Ѓорче Петров

Започнува постапката за модернизација на уличното осветлување во Општина Ѓорче Петров.

 

Советот на својата 24 седница донесе одлука со која стартува процесот на комплетна реконструкција и менување на постоечкиот систем за јавно осветлување.

 

До крајот на годината преку јавно приватно партнерство се очекува да се избере изведувач кој за 6 месеци ќе треба да го модренизира осветлувањето со лед светилки и најсовремена опрема,  а со тоа граѓаните да добијат врвен кавлитет во осветлувањето . Приватниот партнер  ќе менаџира со осветлувањето во наредните 12 години.

 

Советниците изгласаа и измена на одлука за управување со инсталации или намалување на цената за подземни прекопи на правни и физички лица од 30-50% за должина над 4 километри.

 

Советниците исто така дадоа и залено сватло за зголемувањена бодот за пресметување на платите на јавните службеници за 2019 година во јавната општинска установа за деца ЈОУДДГ „Росица“ и општинските основни училишта, согласно одлуката на Владата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.