Отворен Младински информативен центар во општина Ѓорче Петров

 

Денеска  во Домот на културата на општина Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Наумоски потпиша Меморандум за соработка со Здружението на граѓани ЕВРО-СТАРТЕР-Скопје, при што свечено  го пушти во употреба Младинскиот инфо-центар  (МИЦ).

 

Со тоа, општина Ѓорче Петров за прв пат доби свој Младински инфо центар,  чија координација ќе биде задача на ЕВРО СТАРТЕР.

 

Целта на Младинскиот инфо-центар е да се детектираат главните проблеми на младите кои живеат и гравитираат на територијата на општината,  да се увиди што може да се направи за нив но и што можат да понудат младите на општината.

 

 

Младинскиот информативен центар ќе работи во две смени, а ќе биде отворен и за драмски секции, музички проби и многу други активности во интерес на младите, а преку МИЦ ќе се споделуваат информации за постоечките иницијативи за едукација, до-едукација и вработување, помагање во процесот на аплицирање на разни проекти и повици, вмрежување и стимулирање на создавање нови НВОа, обезбедување катче за младите и невладините организации, и организирање јавни дебати и настани.

 

.be

 

 

Наумоски потенцираше дека Младинскиот инфо-центар претставува реализација на една идеја која постои веќе една и пол година.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.