Тим од американски експерти од Тексас, ги обучуваа наставниците и стручните служби во Ѓорче

Општина Ѓорче Петров во соработка со Центарот за развој на образованието ,,Корени” организираше две работилници на кои наставниците, директорите и стручните служби од училиштата ги надоградија знаењата и вештините за создавање поквалитетна настава.

 

Имено, просветните работници беа обучени од високовалификувани едукатори од Тексас, САД. Во текот на дводневната работлница, директорите и стручните служби добиваат вештини во делот на ,, Влијание на лидерот врз успехот на ученикот” а наставниците имаа обука на тема ,,Најдобри практики за усвојување јазик”.

 

Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, целта на работилницата е искуствата на странските едукатори и најдобрите практики да се пренесат во нашиот образовен процес на свој уникатен начин. Идејата е да се понуди образовен систем поинаков од останатите општини. Да се вметне нота на поголема креативност а да се заостават застарените методи на едукација.

 

Од општината додаваат дека соработката со ,,Корени”  продолжува. Директорката Рашел Нил најави дека во јуни  во ООУ Димитар Беровски ќе се одржи англиски капм, овој пат наменет за едукација на учениците, при што ќе бидат опфатени 70 основци од четврто до седмо оддление, информираат од Општина Ѓорче Петров.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.