Априлијада во Ѓорче Петров, награди за најкреативните маски

60 најкреативни маски од шест основни училишта од општина Ѓорче Петров денеска беа дел од маскенбалот кој секоја година го организира општина Ѓорче Петров. Креативноста на децата, но и на родителите навистина нема граници, а во тоа се уверивме и самите. Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска сретнавме, кутија за пуканки, вазна со цвеќе, пролетни кралици, комити и индијанци. За најдобрите општината подготви и награди.


На ,,Априлијада 2019,, учествуваа деца од сите шест основни и две подрачни училишта и градинката Росица.
Жири комисијата ќе избере по една најдобра маска од сите училишта, а потоа од нив ќе биде избрана и маска на општината.

 

Раководителката на одделението за јавни дејности, Соња Палчевска Ќосева им порача на најмладите, но и на повозрасните секој ден да им биде исполнет со смеа, како денешниов.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.