Јувентус камп Македонија, по втор пат на терените во Ѓорче Петров

 

90 деца од 5 до 17 години, машки и девојчиња се дел од овогодинешната Јувентус академија, која по втор пат се одржува во општина Ѓорче Петорв, во организација на фудбалската школа за деца Мондано.
Како што вели организаторот, Драган Станојковски, искуството од минатата година покажа позитивни реакции и огромен интерес од страна на младите фудбалери и спортските работници, што било доволна мотивација за организирање на уште еден фудбалски камп, во кој пет дена, официјални тренери на фудбалскиот клуб Јувентус од Торино, ќе ги тренираат децата, но и ќе бидат во улога на скаути.
Имено, двајца најдобри фудбалери ќе добијат шанса своите фудбалски вештини да ги покажат на меѓународниот јувентус камп, кој ќе се одржи во Торино од 11 до 15 јуни, и во кој ќе земат учество најдобрите фудбалери од 30 земји во светот.
Главниот тренер Лео Кароцо вели дека сите деца имаат талент, и дека истиот се препознава многу брзо, а потоа е потребна напорна и посветена работа, за достигнување светска слава и интернационален успех. Му се допаѓа организацијата и желбата на малите фудбалери да бидат дел од Јувентус кампот Македонија. На нашето прашање што можат да постигнат за пет дена тренинг ни одговори, дека ќе научат многу техники, но ќе бидат и во улога на скаути.
Матеј, Дариј и Габриел се дел од учесниците на Јувентус кампот Македонија. Имаат голема желба да покажат што научиле до сега, но подготвени се да научат и нешто ново од реномираните италијански тренери.
Помеѓу големиот број момчиња, ја запознавме и Уна, која скоро една година е дел од фудбалските терени. Нејзините очекувања се дружење со врсниците, и откривање на нови фудбалски вештини.
На Јувентус кампот Македонија учество земаа и 15 деца од СОС детското село.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.