(Видео) Апостолоски: Градинка во Ѓорче Петров две недели е без греење

Повеќе од две недели нема парно греење во градинката Детелинка во склоп на основното училиште Мирче Ацев, тврди Данијел Апостолоски, советник во Советот на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.

„Над две недели во услови на светска пандемија која насекаде коси и кога температурите се блиску до нулата, воспитувачките и децата седат во ладни простории само заради тоа што Наумоски не им го решава проблемот со греењето. Дечињата наместо да се греат во текот на целиот престој, се греат само два часа на клима уред кој не ги загрева просториите согласно пропишаните стандарди“, рече тој.

Срамота е, додаде Апостолоски, општината и градоначалникот да нотираат функционални градинки во Ѓорче Петров, а во реалноста ништо да не прават да надминат еден ваков проблем во оваа детска градинка.

„Ѓорче Петров е една од општините каде што има најмногу заболен персонал од КОВИД-19 во градинките и каде што најмногу дечиња се во изолација што отвора сомнеж дека има проблем во спроведувањрто на здравствените протоколи, а дополнително со отсуството на загреани простории во оваа градинка се зголемува ризикот за загрозување и здравјето на дечињата. Го повикуваме Александар Наумоски и локалната власт наместо да се грижат само како да исцртуваат нови згради и да печалат од нив, веднаш да најдат решение за овој проблем со цел да го заштитат здравјето на дечињата и на вработените“, рече Апостолоски.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.